Фантастичен скопски мегаконцерт на сексапилната Милица Павловиќ, новата балканска музичка мега-ѕвезда

765

Сцената продолжи да гори и кога излезе нашата поп-пејачка Елена Ристеска, која ѝ беше специјална гостинка на Милица. Тие во дует ја „догореа“ публиката кога го испееја евровизискиот хит на Елена „Нинанајна“

– Многу сум среќна што сум тука! Вљубена сум во вас, драги мои Македонци, цели 10 години! Не е малку, и таа љубов нема да згасне, ви ветувам – со ваква оптимистичка порака, иако со час и пол задоцнување, го започна својот концертен спектакл една од моментално најпопуларните балкански пејачки, тотално сексапилната Милица Павловиќ. Како дел од својата голема ексјугословенска турнеја „Лав“. Велат дека според популарноста и интересот кај публиката, сега-засега, Милица е дури и пред Лепа Брена и Теа Таировиќ. Можно е, зошто да не? Милица успеа да ја распродаде скопската арена „Јане Сандански“, немаше каде игла да падне. Фантастично ја пречекаа преку 7.000 нејзини обожаватели.

Музичката журка се случи токму на Денот на љубовта и Денот на виното, така што, сè заедно, беше залиено со добра песна, со хитовите на згодната Милица: „Проверено спава сама“, „Могла сам“, „Она носи Праду“, „Кучкетина“, „Шеќеру“, „Праштај“, „Господе мој“, „Богиња“… до точка на вриење кога на сцената со Милица излегоа машките танчари, кои танцувајќи со неа, цело време асоцираа на интимен однос, што уште повеќе придонесе атмосферата да биде како со кибрит запалена. Гледаш и не веруваш какво знаење за добра забава, добар помин, поседува оваа пејачка за која не се знае каде е поубава – дали во телото, во лицето, во очите или кога се смее.

Сцената продолжи да гори и тогаш кога излезе нашата поп-пејачка Елена Ристеска, која ѝ беше специјална гостинка на Милица. Тие во дует ја „догореа“ публиката пеејќи го евровизискиот хит на Елена „Нинанајна“. Ја слушнавме и песната „Доживотно“, една од најемотивните песни во кариерата на разубавената Ристеска. Како вистински музички божици, особено Милица.                                                                            Сепак, најмногу се коментираше, а и самите го слушнавме тоа од присутните, за бомбастичната златна комбинација на секси Милица, со огромна ѕвезда преку градите, дополнета со розово здолниште, кое ја истакнуваше нејзината целосна провокативност.

Постојано безобразно ѝ „ѕиркаше“ (случајно или не) под интимното здолниште “тоа“ што максимално ѝ го подарила мајката природа. Такво нешто нема да коментираме.  Тоа ѝ го оставаме на публиката, особено на машката, која си ги наполни очите. И да бидеме искрени, имаа со што.

Милица Павловиќ не покажа само сексапил, кој е секогаш дозволен на естрадата, туку покажа и дека знае да пее. Приреди вистинска музичка сласт кога ги повика на сцената музичарите, кои ја придружуваа, со звуците од тапаните, во мошне добро познатата македонска песна „Јовано, Јованке“. Публиката и за таа песна максимално ја награди Милица со долг аплауз. Браво за одличната организација на настанот!        И новинарите, секако, задоволни.                                                                            Инаку, самиот повеќечасовен концерт беше поделен на пет дела и во секој дел Милица пееше во различна сценска гардероба, која од која поатрактивна.              Иако е така, сепак, се случи еден тажен момент.  Не можеше поинаку. Милица ја испеа својата најтажна песна, „Породично благо“, која им е посветена на нејзините баба и дедо. Тие ја одгледале како малечка, затоа што нејзините родители се развеле.

Почесен гостин на пејачката ѝ беше и пејачот Слободан Вељковиќ-Цоби, со кого заедно ја испее дуетската песна „Илегала“, предизвикувајќи повторно бран експлозија кај присутните.

Дефинитивно има што да се научи од оваа пејачка, која не крие дека учела од своите постари, добро познати естрадни колеги. Многу работи презентираше на свој начин и од пејачите што ги гледала на светската музичка сцена. Сето тоа споено во едно дава одлични резултати кај Милица Павловиќ. Но, воедно и одлично поминато време на публиката, која не жалеше да плати за таков концерт, кој беше повеќе од одличен.    Дуле Миќиќ                                                                                                       (строго забрането е копирање на сликите и текстот и објавување на други портали)

 

 

ИЗДВОЕНИ