Фановите загрижени: Ѓоковиќ на финалето во Мајами дојде со отечено око/ФОТО

336
EPA-EFE/CRISTOBAL HERRERA-ULASHKEVICH

Најдобриот српски тенисер и спортист на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, сѐ уште чека за да игра на финалето на АТП Мајами поради силниот дожд и врнежите што го зафатија овој град пред пресметката со Јакуб Меншик.

Кога пристигна во комплексот, одработи тренинг, а на видеата кои се појавија се гледа дека едното око му е целосно отечено, што многумина ги загрижи.

Новак дошол во клубот со наочари на окото и користел капки.

И покрај тоа, тој без проблеми го одработи тренингот, а дали тоа ќе влијае на неговата игра вечерва против Меншик ќе видиме.

Според временската прогноза вечерва пред полноќ поради дожд не се очекува да започне натпреварот помеѓу Ѓоковиќ и Меншик.

ИЗДВОЕНИ