Рускиот тенисер Данил Медведев утре ќе наполни 29 години и навивачите веќе го повикуваат да се пензионира. По серијата слаби резултати и порази, почнаа да му пишуваат дека е подобро да го „закачи рекетот“ и да се фокусира на нешто друго. На турнирот во Ротердам загуби од Матија Белучи (6:3, 6:7, 6:3) и таму отворено проговори за тоа.
Свесен е и дека е далеку од најдобрата форма која му ја донесе титулата на САД Опен во 2021 година. Што е проблемот? „Го имам одговорот, но тоа не зависи само од мене. Морам да подобрам многу работи, некои удари можат да бидат подобри. Сервисот може да биде подобар, некои други работи исто така, се тоа заедно. Не ми недостасува самодоверба, некои големи победи. Ме чека турнир во Марсеј и ќе се обидам да бидам подобар таму. Ќе се обидам да најдам начин повторно да ја играм мојата игра“, изјави Медведев, кој моментално е седмопласиран во светот.
Едно од прашањата беше за фактот дека луѓето на социјалните мрежи му велеа дека е време да се пензионира. “Не знам што да кажам на тоа. Го сакам тенисот, победувам на многу натпревари, ќе продолжам да играм додека не успеам. Ако испаднам од топ 100 тогаш не знам што ќе се случи, но тоа нема да се случи. Сигурен сум дека ќе се вратам посилен”, заклучи Медведев.