Фалсификувано логото на ЈСП

69

Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ утврди лажна вест со која е фалсификувано логото на електронската картичка „Скопска“ објавено на социјалните мрежи од страна на група наречена „Транспортна карта на град Скопје“, која не е поврзана со претпријатието.

Од ЈСП појаснуваат дека се работи за измама со лажен линк што краде податоци од платежните картички на граѓаните.

– Измамата е пријавена во МВР. ЈСП очекува брзо постапување од надлежните за изнаоѓање на сторителите на измамата и итно преземање на сите законски мерки за заштита – соопштија од претпријатието.