„Фајненшел тајмс“: ЕУ размислува да го обнови купувањето руски гас

99
epa08748017 Valves of the Nord Stream 2 pipeline landfall facility during a visit of Mecklenburg-Western Pomerania State Premier Manuela Schwesig (not in the picture) to the industrial port and the landfall facility of the joint German-Russian pipeline project Nord Stream 2, in Lubmin, Germany, 15 October 2020. The politically controversial pipeline project was put into question in response to the alleged poisoning of Kreml critic Alexei Navalny. Schwesig wants to save the gas pipeline that she regards an important infrastructure project. EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Европските претставници ја разгледуваат можноста за продолжување на купувањето руски гас во контекст на потенцијалното решение на војната во Украина, пишува „Фајненшл тајмс“.

Како што се наведува во весникот, приврзаниците на идејата за купување руски гас тврдат дека тоа ќе ги намали високите цени на енергенсите во Европа, ќе ја охрабри Москва да седне на преговарачка маса и ќе им даде причина на двете страни да го спроведат и одржат прекинот на огнот.

Идејата ја поддржаа некои претставници во Германија и Унгарија, со поддршка од други престолнини, кои ја гледаат како начин за намалување на трошоците за енергија во Европа, изјавија тројца еупретставници.

Но, во исто време, дури и прелиминарен разговор за идејата зџа обновување на испораката на руски гас во Европа, би предизвикала остра реакција кај најблиските сојузници на Украина во ЕУ.

 

ИЗДВОЕНИ