EPA-EFE/RONALD WITTEK

Евролигата потврди дека фајналфорот за оваа сезона ќе се игра во Абу Даби. Од 23 до 26 мај ќе се играат решавачките натпревари за титулата на Евролига. За ова се шпекулираше подолго време, а сега оваа информација е потврдена, што значи дека првпат во историјата на ова натпреварување завршниот турнир на најквалитетното кошаркарско натпреварување во Европа ќе го има своето финале надвор од „стариот континент“.

Претседателот на Евролига, Дејан Бодирога, проговори за конечната одлука во врска со организацијата на финалните натпревари кои ќе го одредат европскиот шампион.

  • Би сакал да му се заблагодарам на градот Абу Даби за довербата во Евролигата. Да се ​​донесе фајналфорот во Абу Даби е амбициозен проект и извонредна можност да се запознае атмосферата на Евролигата на нова и разновидна публика. Во исто време, ова партнерство им гарантира на нашите верни фанови ново искуство во едно од најмодерните и најтуристичките градови во светот, заедно ќе реализираме уште еден врвен настан, кој ќе ја однесе Евролигата на нови височини, изјави Дејан Бодирога, претседател на Евролигата.

ИЗДВОЕНИ