Еврото скокна по разговорот Трамп – Путин

474

Еврото денеска скокна на највисоко ниво во последните две недели на бранот оптимизам за решавање на конфликтот во Украина, а европските берзански индекси генерално се во пораст, како и цените на златото и пченицата.

Претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп најави дека ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин во Саудиска Арабија и дека веднаш ќе започне преговори со Москва, пишува „Трејдинг економикс“.

Индексот на Франкфуртската берза DAX во 9:30 часот порасна на 22.323,50 поени, францускиот CAC 40 на 8.101,56 поени, московскиот MOEX на 3.176,02 поени, додека британскиот FTSE 100 падна на 8.758,40 поени.

ИЗДВОЕНИ