Канцеларијата на европскиот јавен обвинител (ЕППО) ја суспендира својата обвинителка Теодора Георгиева во рамките на покренатата административна истрага за евентуално прекршување на правилата на институцијата, соопшти оваа тело на ЕУ со седиште во Луксембург.
Европската главна обвинителка Лаура Ковеши веќе ги информирала институциите на ЕУ дека против Георгиева, која е по потекло е од Бугарија, е покрената „истрага без преседан“ за утврдување дали таа го почитувала „целиот спектар на внатрешни мерки за заштита на интегритетот“ на постапките на Обвинителството.
Според медиумските извештаи, постапката против Георгиева е покрената откако таа решила да се повлече од истрагата за сомнежите за потенцијална корупција и изнуда при реализацијата на проектот за обнова на најголемото складиште за гас на Балканот во местото Чирен во северозападна Бугарија.