Европски град се подготвува за руска инвазија: Копаат ровови, поставуваат бункери и засолништа/ВИДЕО

109
screenshot France24

Поради географската близина со Русија, естонскиот град Нарва е во неповолна положба. Се наоѓа токму на границата, а само еден мост ги дели од опасноста.

Сместен веднаш на границата со Русија, естонскиот град Нарва претставува идеална локација за рускиот претседател Владимир Путин во случај на инвазија. Двете земји ги дели само еден мост и реката Нарва.

Населението е поделено. Некои членови на руската заедница во градот имаат носталгија за советското минато, додека други се плашат од воените амбиции на Москва.

Во светло на потенцијален напад, естонските цивили минуваат низ воена обука и се подготвуваат за секое можно сценарио.

95 проценти зборуваат руски

Во Нарва дури 95 отсто од населението зборува руски. По падот на Советскиот Сојуз, тие можеа сами да избираат пасоши и можност слободно да патуваат во Русија.

Границата остана отворена, но многу добро чувана, пренесува Дневник.

Некои од жителите не кријат за што се залагаат. „Живеам во Естонија, но сум руски државјанин. До 1991 година живеевме без никакви граници и сите беа среќни“, изјавил еден жител за Франс 24.

Постарите Естонци кои зборуваат руски велат дека им недостасуваат деновите кога земјата припаѓала на советскиот блок. Тие се малцинство овде, но тоа може да биде доволно за Путин. „Можно е тој да ја искористува ситуацијата на жителите од овој регион што зборуваат руски за да ги унапреди своите интереси“, рече друг човек.

2000 жители го поминуваат мостот секој ден

Естонската полиција е во состојба на готовност на мостот, кој е граничен премин меѓу двете земји. Во просек, околу 2.000 луѓе дневно ја минуваат границата. Полицајците додаваат дека никогаш не разговараат со руските колеги. „Не е наша работа да разговараме со нив“, додал полицаецот.

Полицајците објаснуваат дека руските провокации се постојани, како што е отстранувањето на бовите што ја означуваат границата од водата. Со текот на времето, заканите станаа подиректни.

Подготовките за најлошото се неопходни, а цивилите веќе почнаа да се подготвуваат за борба. Доктори, адвокати, механичари – сите тие припаѓаат на Естонската одбранбена лига (ЕДЛ), доброволна паравоена организација чија цел е да ги поддржи активните војници. „Знам што треба да направам, знам каде треба да го испратам семејството. Размислував и тоа ме теши“, рече Апо Р., член на ЕДЛ.

Обуката вклучува уништување на беспилотни летала и движење во ровови бидејќи стравуваат дека прекинот на огнот со Украина може да има директни последици за нив.

„Во случај на прекин на огнот со Украина, би можеле да донесеме дел од слободните трупи на нашата граница“, изјави полковникот Тонис Метјер.

Поставени се неколку засолништа во јавни згради во Нарва. Ако се огласат сирените, жителите знаат каде да најдат засолниште.

Сè е подготвено – новиот одбранбен план на Естонија, вклучувајќи бункери и ровови долж 300-километарската граница со Русија, со цел да се запре или успори непријателот во случај на напад – пред да пристигнат сојузниците.

ИЗДВОЕНИ