Европската комисија го поздрави одложувањето на царините на Трамп, историски скок на Волстрит

656

На Волстрит, индексот S&P 500 скокна во средата за 9,5 отсто, што е негов најголем дневен скок во последните 17 години, откако американскиот претседател Доналд Трамп го одложи спроведувањето на дополнителните, реципрочни царини за сите земји освен Кина.

Индексот Dow Jones се зголеми за 7,87 отсто, на 40.608 поени, додека S&P 500 скокна за 9,52 отсто, на 5.456 поени, а индексот Nasdaq скокна за 12,16 отсто, на 17.124 поени.

За S&P 500, тоа е најголемиот дневен скок од глобалната финансиска криза во 2008 година и трет најголем по Втората светска војна. За Nasdaq ова е најголем скок од кризата „DOTCOM“ во 2001 година и втор најголем во историјата.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ја поздрави одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да ги паузира „реципрочните“ царини на 90 дена, нагласувајќи дека ЕУ останува посветена на конструктивни преговори со Соединетите држави, со цел да се постигне непречена и заемно корисна трговија.

„Ја поздравувам најавата на претседателот Трамп за паузирање на реципрочните царини. Ова е важен чекор кон стабилизирање на глобалната економија“, рече фон дер Лајен во изјавата објавена од Комисијата. Претседателката на Комисијата ја повторува подготвеноста за преговори и нулта царинска стапка меѓу ЕУ и САД.

Трамп ги паузираше царините на 90 дена за сите земји освен за Кина – неа и ги покачи на 125 отсто

ИЗДВОЕНИ