Европската централна банка (ЕЦБ) денеска намали три клучни каматни стапки за 25 базични поени.
Така, од 5 февруари каматните стапки на депозитните капацитети ќе изнесуваат 2,75 отсто, што е најниско ниво од почетокот на 2023 година. Каматната стапка на операциите за главно рефинансирање е намалена на 2,9 отсто, а на маргиналните кредитни линии на 3,15 отсто.
Одлуката е донесена само еден ден откако Федералните резерви на Соединетите држави ја задржаа референтната каматна стапка стабилна на 4,25 до 4,5 отсто.