Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска ќе ги информира земјите-членки за плановите за зајакнување на европската одбранбена индустрија и воените капацитети на ЕУ.
„Утре со писмо ќе ги известам земјите-членки за планот за повторно вооружување на Европа“, изјави вчера фон дер Лајен за новинарите.
Таа нагласи дека на Европа и треба „огромно зголемување на одбраната“, пренесува Ројтерс.
„Сакаме траен мир, но траен мир може да се изгради само на сила, а силата започнува со зајакнување на самите себе“ – заклучи Фон дер Лајен.
Американскиот претседател Доналд Трамп врши притисок врз другите членки на НАТО да ги зголемат трошоците за одбрана на пет отсто од БДП од сегашната цел од два отсто.
Плановите за зајакнување на одбранбените капацитети на Европа дојдоа по тензичната средба меѓу Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски во Овалната соба во петокот.