Најновата прогноза за врнежи од снег за зимата 2024/2025 година, објавена од Severe Weather Europe, покажува дека европскиот континент ќе „зимува“ со помалку снег од вообичаеното, освен некои северни делови. Зимата ќе започне полека, а потоа во вториот дел ќе зададе посилен удар.

Главниот фактор што влијае на количината на снежни врнежи оваа зима е студениот феномен Ла Нина, со тоа што најдиректно ќе влијае на Америка, но следствено и на Европа.

Сезонскиот просек покажува подпросечни снежни врнежи во поголемиот дел од Европа. Над Скандинавија се предвидуваат зголемени снежни врнежи поради влијанието на системот со низок притисок и млазниот поток над северна Европа.

Споредено со прогнозните податоци од септември, податоците од октомври покажуваат повеќе снежни врнежи над централна и западна Европа отколку во септември. Најновата ноемвриска прогноза за снежни врнежи покажува помалку снежни врнежи од вообичаеното низ поголемиот дел од континентот. Исклучок е северот на Скандинавија, каде се очекува повеќе снег.

Последната прогноза за декември предвидува помалку врнежи од просекот на поголемиот дел од континентот, а иста ситуација би требало да биде и во јануари.

Јануарската прогноза продолжува со намален потенцијал за врнежи од снег во поголемиот дел од континентот. Севкупно, прогнозата е многу слична на минатиот месец, со можеби уште помали врнежи од снег во централните и северозападните делови. Февруари покажува одредено подобрување, при што голем дел од континентот сè уште има многу помалку снежни врнежи од вообичаеното. Но, некои области над централните делови покажуваат зголемување на врнежите од снег, а вкупниот дефицит е помал од претходните месеци.

Достапни се податоци и за март, односно рана пролет, во која се предвидува намален потенцијал за врнежи од снег за поголемиот дел од континентот. Сепак, во некои централни и јужни делови (освен крајниот север) ќе има врнежи од снег во рана пролет.