Европа го возвраќа ударот: „Ќе одговориме смирено, нема да пукаме на прва“

70
EPA-EFE/OLIVIER HOSLET

Следната недела Европската комисија ќе донесе контрамерки како одговор на американските царини за увоз на алуминиум и челик, додека одговорот за воведувањето царини за автомобили и за реципрочните царини од 20 отсто за голем број производи ќе следи по анализа и консултации со земјите-членки.

Од 12 март, на сила е одлуката за царини од 25 отсто за увоз на алуминиум и челик во Соединетите држави од целиот свет, а од 3 април стапи на сила 25 отсто царина за сите автомобили и делови за автомобили што не се произведени во САД.

На 2 април американскиот претседател Доналд Трамп објави трговска војна на целата планета и најави реципрочни царини, минимум 10 отсто за сите, а уште повисоки царини за околу 60 земји, кои ќе стапат на сила од среда, на 9 април. Тој ги намали Царините за Европската унија се 20 отсто, а 34 отсто за Кина.

Останува нејасно дали најавените царини ќе останат трајни или се дел од тактиката за добивање отстапки. Трамп рече дека царините ќе му дадат „голема преговарачка моќ“.

До средината на минатата недела, Комисијата се консултираше со земјите-членки за контрамерки на американските царини за челик и алуминиум и се очекува одлуката да биде донесена во среда и да стапи на сила на 15 април.

Комисијата објави пропорционален одговор до 26 милијарди евра, што одговара на економскиот опсег на американските царини.

Во однос на контрамерките на американските царини за автомобили и автоделови и за реципрочните царини од 20 проценти, Комисијата посочува дека нема да избрзува, дека сака се детално да анализира.

Европската Комисија го заснова својот пристап на три елементи: преговори, контрамерки и трговска диверзификација. Тие сакаат преку преговори да се обиде да најде решение за неоправданите и штетни царини каде силата на неговиот внатрешен пазар ја гледа како голем адут. Доколку тоа не биде можно да се реши преку преговори, ќе следат контрамерки.

„По одлуката на американската администрација да воведе сеопфатни царини за стоки од Европската унија, ЕУ ќе одговори смирено, внимателно и постепено и пред се единствено, додека ние го калибрираме нашиот одговор. Нема да пукаме на прва, сакаме да им дадеме на преговорите секоја шанса да успеат да најдат фер договор, во корист на двете страни“, рече комесарот за трговија Марош Шефчович.

ИЗДВОЕНИ