ЕВРОПА Е ВО ФАЗА НА ПОДГОТОВКА ЗА ВОЈНА: Орбан предупредува – на работ сме од уништување

256
EPA-EFE/OLIVIER MATTHYS

Европа влезе во фаза на подготовки за војна со Русија бидејќи се повеќе е вовлечена во вооружениот конфликт во Украина, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан за радио „Кошут“.

Како што прецизираше, секоја недела гледа се повеќе знаци дека ЕУ и НАТО се подготвуваат за воена акција. Орбан посочи дека „одењето во војна не се случува во еден чекор“.

– Има три фази: дискусија, подготовка и уништување. Сега ја завршуваме дискусијата и сме во фаза на подготовка. На неколку сантиметри сме од уништување – рече тој.

Зборувајќи за нуклеарното оружје, Орбан претходно рече дека европските политичари имаат тенденција да размислуваат за нуклеарната бомба главно како „тактичко одвраќање“, а не за нешто што всушност треба да се користи.

Тој, сепак, додаде дека проблемот е што никој во Втората светска војна не помислил дека Американците ќе користат нуклеарни бомби.

Орбан рече дека го смета разговорот за нуклеарно оружје за „лош знак“.

– Од терминот „мисија на НАТО во Украина“ ви се крева косата – рече унгарскиот премиер.

Унгарскиот премиер изјави и дека во Брисел залудно „кршат глава“ околу враќањето на задолжителниот воен рок во ЕУ, бидејќи Будимпешта нема да дозволи нејзини граѓани да бидат испратени да учествуваат во туѓа војна.

Тој нагласи дека Будимпешта се противи одлуката отслужувањето на воениот рок на унгарските граѓани да се носи „во Германија или Брисел“.