Медведев: Европа е немоќна, мрзоволна старица, на светот му треба нов лидер, а тој постои – неговото име е Путин

430

Слободниот свет има свој лидер, а тоа е претседателот на Русија, Владимир Путин, изјави денеска за Спутник заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, споредувајќи ја Европа со „слаба пргавоста старица на која и треба американско старателство“.

Тој го изјави ова по повод изјавата на шефицата на европската дипломатија Каја Калас дека по дискусијата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски во петокот во Белата куќа, на светот му треба нов лидер и дека тоа е Европа.

„На светот му треба нов лидер, а тој постои. Неговото име е Владимир Путин“, рече Медведев, пренесува Спутник.

Тој посочи дека Русија е подготвена да разговара за решавање на украинската криза со оние кои се подготвени за тоа, а не со „обучени животни кои работат за храна и вниманието на газдата што ги храни за да не ги прати во кланица“.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја напушти Белата куќа порано од планираното по жестоката расправија со американскиот претседател Доналд Трамп во петокот.

За време на тој состанок, американскиот потпретседател Џеј Ди Венс го критикуваше Зеленски дека не покажува почит кон сегашната американска администрација која се обидува да ја спаси Украина.

Како последица на тој дипломатски инцидент, беше откажано најавеното потпишување на договорот за ретки минерали.

ИЗДВОЕНИ