Европа е на минути од Армагедон! „Орешник“ може да стигне до секој европски град за помалку од 20 минути

165
Фото: screenshot X

Британскиот весник „Дејли мејл“ оцени дека балистичката ракета „Орешник“ може да стигне до кој било европски град за помалку од 20 минути.

„Европа е на минути од Армагедон поради новата ракета на Путин. Експериментална хиперсонична ракета може да погоди кој било град во Европа за помалку од 20 минути“ – пишува британскиот весник.

Забележано е дека доколку „Орешник“ биде лансиран од ракетната локација „Капустин Јар“ во регионот Астрахан, ќе лета до Берлин за 11-12 минути, 13-14 до Рим, 14-15 до Брисел, 15-16 до Париз и 16 -17 минути до Лондон.

Рускиот претседател Владимир Путин на 21 ноември им се обрати на граѓаните. Тој рече дека Русија, како одговор на ударите на вооружените сили на Украина врз цели во регионите Курск и Брјанск со американски и британски ракети со долг дострел ATACMS и „Storm Shadow“, тестираше еден од најновите ракетни системи со среден дострел – “Орешник“.

Руската војска со хиперсоничната балистичка ракета погоди индустриски комплекс во Дњепропетровск.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека Русија предупредила на автоматско лансирање на ракетата „Орешник“, 30 минути пред да биде истрелана преку Националниот центар за намалување на нуклеарната закана.

„Оваа ракета не е интерконтинентална, туку ракета со среден дострел, така што Руската Федерација нема обврска да известува за ова лансирање. Но, постои Руски национален центар за намалување на нуклеарниот ризик, кој работи автоматски и одржува постојана комуникација со истиот систем што е во САД“, рече Песков.