Сенегалскиот фудбалер Илиман Ндијаје е нов играч на Евертон, објави англискиот клуб. Тој во Евертон пристигнува од Олимпик Марсеј, а со тимот од Ливерпул потпиша петгодишен договор.

Клубовите не ги објавија финансиските детали за трансферот, но според медиумите трансферот е вреден 20 милиони евра.

Минатата сезона играчот од средниот ред запиша четири гола и три асистенции на 46 натпревари за Марсеј.