Двократниот олимписки шампион во велосипедизам, Ремко Евенепул, се здобил со скршеница на десното рамо, десната рака и на реброто откако на тренинг во Белгија удрил во автомобил.

  • По несреќата, Евенепул веднаш бил префрлен во болницата во Андерлехт, но ќе биде префрлен во друга болница во Херенталс, каде што ќе бидат направени дополнителни тестови, по што ќе се процени колку време ќе трае неговото закрепнување – објави неговиот тим Судал квик степ.

Ситуацијата е прилично комична, бидејќи, како што пренесуваат белгиските медиуми, до повредата дошло откако Евенепул удрил во врата од поштенско возило. Имено, тој не можел да ја избегне несреќата со оглед на тоа што во последен момент ја отвориле вратата од поштенското возило, па тој целосно се забил во неа.