Еве каде најдобро живеат пензионерите: Пет земји ги имаат најдобрите пензии во светот

78

Стабилниот пензиски систем е клучен за квалитетен живот на пензионерите, но во многу земји постарите луѓе едвај врзуваат крај со крај.

Кои земји имаат најдобри пензии?

Според студијата на консултантската фирма Мерсер и Институтот CFA од октомври 2024 година, беа анализирани пензиските системи на 48 земји за да се утврди кои земји обезбедуваат најдобри услови за пензионерите.

Резултатите се јасни – некои земји значително напредуваат во обезбедувањето стабилни и одржливи пензии. На самиот врв на листата е Холандија со 84,8 поени, која на своите пензионери им нуди комбинација од основна државна пензија и задолжителни професионални пензиски планови. Следува Исланд со 83,4 бодови, додека трета е Данска со 81,6 бодови. Израел го зазеде четвртото место со 80,2 поени, а Сингапур петто со 78,7 поени, пишува Феникс магазин.

Германија е само на 20. место со оценка 67,3 од можни 100 поени, што укажува на сериозни предизвици и потреба од реформи. Иако беше релативно високо оценет во категоријата соодветност на исплата на пензиите со 81,1 поен, голем проблем лежи во долгорочната финансиска одржливост на системот, кој беше оценет со само 45,8 поени. Тоа значи дека во иднина германскиот пензиски систем би можел да биде под уште поголем притисок доколку не се направат значителни промени.

ИЗДВОЕНИ