Еван Мек Грегор снимал секс сцена со сопругата – пред асистент: „Чудно е, но не можам без него“

272
EPA EFE NINA PROMMER

Холивудската ѕвезда Еван Мек Грегор глуми во новата драмска серија „Џентлмен во Москва“ заедно со неговата сопруга Мери Елизабет Винстед.

Меѓу другото, со неа снимил и неколку интимни сцени. Еван не сака да отстапи од победничката формула.

И овој пат ангажирал асистент да снима вакви сцени, иако од другата страна имал позната личност.

„Се уште е потребно тоа, бидејќи се работи и за тимот, а чудно е да се биде гол пред луѓе, пред камера. Кога би снимале танцова сцена, ќе имате кореограф. Не може без него“, вели 52-годишниот актер.

„Тоа сега е важен дел од работата, бидејќи режисерот и актерите се среќаваат на средина“, изјави Мекгрегор за британскиот магазин Radio Times.

Двојката е во брак од 2022 година.

Тие го имаат синот Лори, кој се роди минатата година.

Улогата на координаторот за интимност, како што објасни Еван, е да го поддржува актерот во секоја интимна акција на снимањето.