Ева Лонгорија позираше во бикини, фотографијата собра повеќе од 130 илјади лајкови

1716
epa11348624 Eva Longoria attends the premiere of 'Kinds of Kindness' during the 77th annual Cannes Film Festival, in Cannes, France, 17 May 2024. The movie is presented in competition of the festival which runs from 14 to 25 May 2024. EPA-EFE/GUILLAUME HORCAJUELO

Актерката Ева Лонгорија на Инстаграм објави серија фотографии на кои на своите следбеници им покажа како ги поминала последните неколку дена.

На првата фотографија ѕвездата на Desperate Housewives позира во бикини со леопард принт. Многумина ја пофалија нејзината фигура во коментарите под сликата. Објавата собра над 130.000 лајкови.

На други фотографии таа покажа моменти со пријателите и семејството, како и снимањето за L’Oreal. Таа исто така сподели дека моментално ја чита книгата на Виктор Е. Франкл „Човекот трага по значење“.

Ева неодамна проговори за можноста за снимање на продолжение на хит серијата Очајни домаќинки. Актерката, која го играше ликот Габриел Солис од 2004 до 2012 година, вели дека ќе биде првата што ќе потпише договор за продолжување на серијата.

„Исклучително сум горда на досегот што го имаше шоуто. Сакам што луѓето ширум светот сè уште ме препознаваат како Габи денес! Тоа само покажува колкаво влијание имало шоуто“, изјави таа за Stellar Magazine.

Ева минатиот месец го прослави својот 50-ти роденден. Прославата траеше два дена, а меѓу познатите кои присуствуваа на забавите беа Викторија Бекам, Беки Џи, Габриел Унион, Леле Понс, Марк Ентони и српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.

Новак на прославата очигледно бил без сопругата. Ева објави видео на кое позира со пријателите. Новак застана до Џесика Алба, а во видеото се појавуваат и бизнисменот Дејвид Грутман и неговата сопруга Изабела, парагвајскиот модел Надија Фереира, Марк Ентони и Беки Г.

Луѓе, ве сакам“, напиша Лонгорија во описот на видеото.

 

ИЗДВОЕНИ