Младата средношколка Ева Ивановска од Делчево е добитничка на престижната награда за најдобра беседа за 2025 година, на конкурсот за најдобра беседа што го распишува НУ „Григор Прличев“ од Охрид. Нејзиниот труд насловен „Чувај се себеси“ беше прогласен за најдобар на конкурсот за наградата што се доделува во чест на охридскиот и македонски поет и преродбеник Григор Прличев.

„Особено сум среќна и горда што ќе бидам дел од ‘Прличевите беседи’ годинава“, вели Ивановска, ученичка во четврти клас во гимназијата „Методи Митевски-Брицо“.

Наградата во вредност од девет илјади денари и статуетка со ликот на Прличев ќе ѝ бидат врачени на Ивановска на 6 февруари, на манифестацијата „Прличеви беседи“. Манифестацијата „Прличеви беседи“, традиционално, е поддржана од Министерството за култура и туризам и од Општина Охрид.

ИЗДВОЕНИ