Македонија е меѓу земјите кои се најпогодени од загадувањето на воздухот, односно има најмногу смртни случаи како последица на загадениот воздух. По неа е Србија, но и соседните Албанија, Бугарија и Црна Гора имаат премногу високи оценки, според неодамнешниот извештај на Европската комисија и Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) – јавува „Euronews“.
Во моментов, сите земји на ЕУ пријавуваат нивоа на азот диоксид над препорачаните нивоа од СЗО, но некои се посилно погодени од загадувањето на воздухот од другите.
Во 2021 година, Светската здравствена организација (СЗО) ги ажурираше своите упатства за квалитетот на воздухот, намалувајќи го препорачаниот праг за годишни концентрации на азот диоксид и мали честички (PM2.5), како што се прашина, чад и саѓи од издувните гасови.
Во декември, Европската унија усвои построги правила за квалитетот на воздухот, со цел да ги приближи своите стандарди до препораките на СЗО до 2030 година.
Планот е “една од најголемите интервенции за јавното здравје за една генерација”, изјави Марк Њувенхајсен, директор на иницијативата за урбанистичко планирање, животна средина и здравје во Барселона за Еуроњуз
Севкупно, изложеноста на PM2.5 честичките предизвикува околу 239.000 предвремени смртни случаи во Европа за 2021 година, додека уште 48.000 луѓе починале како резултат на изложеност на азот диоксид, се вели во извештаите на Европската агенција за животна средина.
Во моментов, сите земји на ЕУ пријавуваат нивоа на азот диоксид над нивоата препорачани од СЗО, но некои се потешко погодени од загадувањето на воздухот од други.
Македонија најмногу страна од смртни случаи од загадувањето, по што следи Србија. Од соседните држави, Албанија, Бугарија и Црна Гора имаат премногу високи оцени за нивото на загаденост, според неодамнешниот извештај на Европската комисија и Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).
“Најголемата поделба во Европа што ја гледаме е помеѓу истокот и западот. Ова е во голема мера е усогласено со БДП и социо-економската позадина на двата региона”, изјави Зорана Јовановиќ Андерсен, професор по епидемиологија на животната средина на Универзитетот во Копенхаген и член на комитетот за животна средина и здравје на Европското респираторно друштво.
Истражувањето на Њувенхајзен на ниво на градови и ги нагласува различните предизвици со кои се соочуваат различни делови на Европа