Екипата на Партизан ќе треба да исплати 5.000 евра во касата на Евролигата за навреда на Никола Миротиќ на мечот од 10. коло со Армани Милано.

Миротиќ, кој игра заедно со нашиот Ненад Димитријевиќ, настапи за тимот на Милано за првпат откако беше на прагот да се пресели во Партизан и навивачите решија да го пречекаат со навреди.

Познато е што се случи, Миротиќ наместо да облече црно-бел, заврши во дресот на Армани и пред мечот од 10. коло наиде на бура – свирежи и навреди, а се отиде дотаму што беше споменат дури и поп.

„Никола, Никола пи*ко ку*винска, Никола“, навредуваа навивачите на Партизан, додека Миротиќ реагираше со насмевка на гадната прозивка.

По неговиот влез имаше и овации, но поради Зек Ледеј, кој летово го напушти Партизан и замина во Милано.

По победата во вечното дерби со Црвена звезда, Партизан има скор од 3-8 и денеска од 20:30 часот го пречекува Олимпијакос во рамки на 12. коло од Евролигата.

ИЗДВОЕНИ