Дисциплинското тело на кошаркарската Евролига го казни хрватскиот кошаркар Маријо Хезоња со износ од 8.000 евра, поради непочитување на судијата на натпреварот меѓу неговиот Реал Мадрид и Фенербахче, објавено е на официјалната веб-страница на Евролигата.
Реал пред една недела, во рамките на 14. коло, загуби пред своите гледачи од турско Фенербахче со 70:82 и со тоа ја продолжи серијата порази во Евролигата. Хезоња беше исклучен на две минути пред крајот на натпреварот.
Тој се налути бидејќи му беше досудена техничка грешка на неговиот соиграч. Тој приговараше кон судијата, па доби техничка, а потоа целосно ја загуби контролата и продолжи вербално да ги напаѓа арбитрите, поради што доби уште една техничка грешка, што значеше автоматско исклучување.