ЕУ троши повеќе на руската енергенси отколку на помошта за Украина

25
EPA-EFE

Европа купила фосилни горива во вредност од 22 милијарди евра од Русија во 2024 година, а дала 19 милијарди евра за поддршка на Киев.

И покрај напорите да се намали зависноста од руската енергија, која, според Гардијан, ја финансира воената машина на Владимир Путин, Европската унија во 2024 година купила руска нафта и гас во вредност од 21,9 милијарди евра, според проценките на Центарот за истражување на енергија и чист воздух.

Износот што им е исплатен на Русите е поголем од помошта што ЕУ и ја додели на Украина, која во 2024 година изнесуваше 18,7 милијарди евра.

„Купувањето руски фосилни горива, сосема јасно, е слично на испраќање финансиска помош до Кремљ, што овозможува инвазијата да продолжи. Оваа практика мора веднаш да престане за да се обезбеди не само иднината на Украина, туку и енергетската безбедност на Европа“, рече Ваибав Рагунандан, аналитичар во институтот и коавтор на извештајот.

ИЗДВОЕНИ