Претставниците на Европската Унија се загрижени поради извештаите за инциденти на протестите во Србија и очекува брза истрага за нив.
-Загрижени сме поради пријавените инциденти против демонстрантите, за кои очекуваме брза истрага. Слободата на собирање е основно право на ЕУ што мора да биде заштитено и мирно да се користи со целосно почитување на владеењето на правото и јавниот ред“, рече портпаролот на Европската комисија, Гијом Мерсие.
Тој посочи дека институциите на ЕУ ги охрабруваат сите политички актери да му се вратат на дијалогот и да се воздржат од ескалација на тензиите.
-Сите клучни актери треба да се ангажираат конструктивно и во меѓупартиски политички дијалог. Ова ќе ни овозможи повторно да ги фокусираме вниманието и енергијата на завршување на реформите во клучните области на владеењето на правото, рече Мерсие.
Тој, исто така, потсети дека студентските права и усогласувањето со ЕУ се клучни за забрзување на процесот на пристапување на Србија во согласност со декларираните цели на српското раководство и во интерес на српскиот народ.