Европската унија (ЕУ) ќе усвои директива која вклучува премин на дигитални возачки дозволи, на кои ќе може да се пристапи преку мобилни телефони или други дигитални уреди, до крајот на 2030 година, јавува Anadolu.
Европската комисија соопшти дека со ажурирањето на директивата за возачки дозволи ќе се променат минималните барања за погодност на возачите во земјите на ЕУ, а ќе се усогласат и правилата за возачи почетници.
„Новата Директива за возачки дозволи има за цел да го намали бројот на несреќи на патиштата во ЕУ и да го намали товарот на граѓаните и властите во однос на административните процедури“, се наведува во соопштението.
Ќе се спроведува политика која покажала дека го зголемува безбедноста на патиштата, воведувајќи програма за возење со придружба во цела Европска унија за возачи на возраст од 17 години и повеќе.
Исто така, е наведено дека на барање на поединец ќе бидат издавани и физички верзии на возачката дозвола. Ќе имаат рок на важност од десет години ако се користат и како лична карта, и 15 години ако се користат исклучиво како дозвола за управување со автомобили и мотоцикли, пренесе Н1.рс