ЕУ ќе ги менува називите на безалкохолните вина за да ги направи поатрактивни

49

Европската комисија сака да им даде нови имиња на безалкохолните или нискоалкохолните вина за да бидат попривлечни и попрепознатливи.

Според новиот предлог, ваквите вина ќе се нарекуваат „без алкохол“, „алкохол лајт“ или „0,0 проценти“, пренесува агенцијата Ansa.

Предлогот за промена на името е дел од мерките усвоени во Брисел со цел да се поддржи винарството.

Целта на оваа иницијатива, според Анса, е да се промовираат безалкохолни вина или вина со низок процент на алкохол, бидејќи се верува дека тие би можеле да бидат успешни на пазарите во Северна Африка и меѓу арапските земји.

Како што се наведува, мерките предложени од Европската комисија се насочени кон борба против винската криза во Европа, со оглед на падот на потрошувачката и побарувачката.

ИЗДВОЕНИ