ЕУ и Британија се подготвуваат за трговска војна со САД

595

Европската унија и Обединетото Кралство подготвија контрамерки во случај американскиот претседател Доналд Трамп да ги зголеми царините за стоки од европските земји, пишува „Политико“, повикувајќи се на неименувани извори.

Според весникот, властите во ЕУ и Велика Британија се надеваат дека Доналд Трамп, кој дојде на власт во САД, нема да „го погоди европскиот извоз“, но „имаат подготвен цел арсенал на контрамерки, вклучително и мерки во форма на царини.

Претходно Доналд Трамп се пожали на трговскиот дефицит со Европската унија и изрази можност за воведување царини за европските стоки.

Веднаш по неговата инаугурација, тој рече дека ЕУ мора да купи повеќе нафта и гас од САД ако сака да избегне нова тарифна политика.

„Или ќе го постигнеме ова со царини, или тие (ЕУ) ќе мора да ги купуваат нашите нафта и гас“, рече тој, пренесе Блумберг.

ИЗДВОЕНИ