Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Ненад Димитријевиќ, ќе го напушти италијанскиот клуб Олимпија Милано на крајот од тековната сезона, иако има уште една година од договорот.

Сепак, тренерот Еторе Месина повеќе не смета на него во ростерот, а за тоа најдобро зборува минималната минутажа што ја добива.

Интерес за негово враќање покажува поранешниот клуб Уникс од Казан, каде што имаше блескава сезона и беше прогласен за МВП во ВТБ-лигата за 2023/2024, со просек од 18,9 поени, 3,6 скока и 6,9 асистенции на натпревар. Но, очигледно, проблеми за овој трансфер прави токму Месина.

  • Сакаме да го вратиме, бидејќи Ненад има што да понуди. Тој е во години кога мора да игра, а не да седи на клупа. Се обидовме да го доведеме и сега пред плејофот, но Месина не попушти. Очигледно не ја сака Русија, иако работеше тука во минатото – изјави Евгениј Богачев, долгогодишен функционер во рускиот клуб.

ИЗДВОЕНИ