Томи Кеш ќе ја претставува Естонија на Изборот за песна на Евровизија во Базел. Тој победи во финалето на естонскиот национален избор со песната „Espresso Macchiato“.
Раперот е убеден дека ќе победи на Евровизија. Така во описот на песната на YouTube стои – победник на Евровизија 2025.
Во својата татковина во финалето освои дури 83 отсто од гласовите, a oдлучуваа и публиката и жирито.
„Томи Кеш е уметник со огромна популарност кој редовно настапува на престижни фестивали како што се Гластонбери, Сигет… Тој е познат по своите смели визуелни решенија и звуци. Покрај тоа, тој е успешен концептуален уметник кој ја комбинира постсоветската естетика со светските трендови, „мешајќи“ сирова нежност со изопачен хумор“, пишува на веб-страницата на Евровизија.
Фановите на Евровизија велат дека може да стане хит. Естонија го имаше своето деби на Евровизија во 1994 година. Првата и единствена победа ја постигна во 2001 година.
View this post on Instagram