Модниот бренд за облека Еспри банкротираше во Франција со одлука на Стопанскиот суд во градот Нант, два месеци откако компанијата објави дека поднела барање за стечај во Европа.

Како што се наведува, Еспри вработи 145 работници во Франција, а годишниот обрт изнесува речиси 32 милиони евра, пренесува „Фигаро“.

Марката беше присутна на повеќе од сто продажни места во Франција. Трговскиот суд во Нант изјави дека планот на директорот на компанијата Еспри за закрепнување и реструктуирање на компанијата е остварлив и додаде дека ќе го набљудува развојот на компанијата во следните шест месеци.

Модната компанија Еспри во мај објави дека прогласи банкрот за своите европски операции, бидејќи верува дека реструктуирањето ќе ги надмине тешкотиите со нагло зголемување на трошоците поради пандемијата на коронавирус.

Денешниот Еспри, според сопствените тврдења, е присутен во повеќе од 40 земји, каде има 586 продавници.