Околу 87.000 луѓе беа евакуирани во вторникот во централниот филипински регион, еден ден по ерупцијата на вулканот Канлаон на островот Негрос.
Последната ерупција на планината Канлаон не предизвика непосредни жртви, но нивото на тревога е подигнато на прво ниво, што укажува на можноста за понатамошни и поексплозивни ерупции.
Вулканската активност во понеделникот траеше околу четири минути, а пепелта беше исфрлена на висина од 3.000 метри.
Вулканска пепел падна на широк простор, вклучувајќи ја и Античката провинција, на повеќе од 200 километри западно од вулканот, намалувајќи ја видливоста и претставувајќи ризик по здравјето, изјавија главниот вулканолог на Филипините Терезито Баколкол и други официјални лица.
„Најмалку шест домашни летови и еден лет за Сингапур беа откажани, а два локални лета беа пренасочени во понеделникот и вторникот“, соопшти Управата за цивилно воздухопловство на Филипините.
Цивилната заштита соопшти дека започнала итна масовна евакуација во градовите и селата најблиску до западните и јужните падини на Канлаон кои беа покриени со пепел, вклучувајќи го и градот Ла Кастелана со околу 47.000 луѓе.
„Повеќе од 6.000 луѓе се преселиле во центрите за евакуација, а други привремено се преселиле во домовите на роднините во Ла Кастелана до вторник наутро“, изјави градоначалничката Румила Мангилимутан.
Филипинскиот претседател Фердинанд Маркос Јуниор рече дека властите се подготвени да дадат поддршка на големиот број раселени лица и неговиот секретар за социјална заштита отпатува во погодениот регион во вторникот рано наутро.
Подготвени сме да ги поддржиме семејствата кои беа евакуирани надвор од опасната зона долга шест километри“, рече Маркос.
Вулканот Канлаон стана активен во јуни оваа година, кога еруптираше околу шест минути и исфрли чад до висина од 5.000 метри.