Тренерот на Панатинаикос, Ергин Атаман, предупредува дека „зелените“ мора да победуваат на претстојните натпревари во Евролига, доколку сакаат да обезбедат пласман во плејофот.
- Мораме да победуваме, особено дома. Тоа е реалноста за нас. Ако не успееме, ќе заборавиме на фајналфорот или плејофот. Нашата ситуација е многу критична и ќе мора да почнеме да победуваме, да играме агресивно, истакна Атаман.
Тимот од Атина мака мачи со повреди, а Атаман на последните мечеви не можеше да смета на Адетокумбо, Григонис, Лесор и Јурчевен.
- Имаме многу проблеми. Кога играме агресивно на домашен терен, можеме да ги сокриеме проблемите, но на гости ситуацијата е тешка, заклучи Атаман.