Ердоган: Турција е во близок дијалог со сирискиот лидер Ахмед ал-Шар

60

Турција е во близок дијалог со сирискиот лидер Ахмед ал-Шар, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, додавајќи дека посетите на Сирија отсега ќе бидат почести.

Говорејќи по состанокот на владата во Анкара, Ердоган рече дека Турција ќе му ја даде на сирискиот народ сета поддршка што му е потребна за да ги консолидираат своите достигнувања, објави Ројтерс.

„Нема место во иднината на Сирија и нашиот регион за која било терористичка организација, вклучително и Исламска држава и ПКК (Работничка партија на Курдистан)“, рече тој, додавајќи дека непоколебливата линија на Турција е да го заштити територијалниот интегритет и единството на Сирија под сите околности.