Ердоган со Макрон: Потребни се преговори за Украина, нема да го прифатиме планот за иселување на Палестинците

254

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски разговор со францускиот колега Емануел Макрон ја изразил потребата за почеток на преговорите за Украина, кои ги вклучуваат двете страни во конфликтот.

– Претседателот Ердоган рече дека Турција продолжува со напорите да стави крај на војната меѓу Русија и Украина и да постигне праведен и траен мир и дека како земја која успеала неколку пати да ги доведе завојуваните страни на преговарачка маса, Турција може да придонесе за мировните преговори, вклучително и нивно домаќин. Важно е да се започне преговарачки процес кој нема да ги исклучува двете страни во конфликтот, соопшти кабинетот на турскиот лидер.

Ердоган рече и дека не може да се прифати планот за евакуација на Палестинците во Египет, Јордан или која било трета земја.

-Претседателот Ердоган и францускиот претседател Макрон се договорија да работат покоординирано во наредниот период како лидери на два сојузници на НАТО, соопшти канцеларијата.

ИЗДВОЕНИ