Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека неговата земја ќе ги искористи сите свои ресурси за да ги залечи раните кои крвават во Појасот Газа за време на периодот на прекин на огнот, јавува „Анадолу“.
Покрај тоа, тој откри дека пропаднал проектот за поделба на Сирија на три дела.
Коментирајќи го договорот за прекин на огнот во Газа, на настанот за неговата Партија на правдата и развојот (АКП) во јужната провинција Адана, тој рече дека Израел „не успеал да ја скрши волјата на отпорот на нашите браќа во Газа и покрај геноцидот и масакрите за 467 дена“.
- Во име на мојата земја, мојот народ и во име на нашата Партија на правдата и развојот, повторно ги поздравувам нашите браќа во Газа, истакна Ердоган.