epa11668750 Turkish President Recep Tayyip Erdogan speaks during a press conference with German Chancellor Olaf Scholz, in Istanbul, Turkey, 19 October 2024. Scholz is in Turkey for one day official visit. EPA-EFE/TOLGA BOZOGLU

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган уште еднаш се осврна на кризата и ситуацијата во Газа и порача дека пристапот на Турција во иднина ќе се покаже како целосно исправен.

Ердоган за време на говорот на состанокот на извозниците во Истанбул рече дека стратегијата на Турција во контекст на Газа во иднина ќе се карактеризира како адекватна и реална.

„Како што докажавме дека сме во право во случајот со Сирија, историјата ќе ја потврди нашата праведност во кризата во Газа“, рече Ердоган.

Тој рече дека посветеноста на правдата, мирот и сочувството ќе се покаже како вистински пристап за Турција. Тој, исто така, рече дека загубата на повеќе животи во Газа не може да се толерира.

„Неуморно работиме да ставиме крај на масакрите и да го отвориме патот за траен мир. Ако даде Бог, се надеваме дека ќе ги видиме позитивните резултати од овие повеќекратни напори во блиска иднина“, рече турскиот претседател.

ИЗДВОЕНИ