„Епл“ прави залихи: Со карго летови итно префрлаат 600 тони „Ајфони“ во САД

1195

Американскиот технолошки гигант Apple изнајми карго летови за транспорт на вкупно 600 тони iPhone-и, или дури 1,5 милиони уреди, од Индија до САД, поттикнат од желбата да ги „победи“ царините што ги најави американскиот претседател Доналд Трамп.

Според анонимни извори на Ројтерс, од март од Индија полетале околу шест товарни авиони од 100 тони со Apple iPhone.

Тежината на пакувањето на iPhone 14 и неговиот кабел за полнење достигнува околу 350 грама, покажуваат мерењата на британската агенција, што имплицира дека вкупниот товар од 600 тони вклучувал околу 1,5 милиони iPhone апарати, пренесе Танјуг.

Компанијата лобираше до властите на индискиот аеродром да го намалат времето потребно за царинење на аеродромот Ченаи во јужната индиска држава Тамил Наду од 30 на шест часа, додаваат изворите.

Apple потроши околу осум месеци планирајќи и воспоставувајќи забрзано царинење во Ченаи, а владата на премиерот Нарендра Моди побара од официјалните лица да ја поддржат американската технолошка компанија со седиште во Купертино, изјави висок индиски функционер кој сакаше да остане анонимен, наведува Economic Times.

Apple е многу ранлив на трговскиот конфликт меѓу Вашингтон и Пекинг бидејќи значителен дел од неговото производство се наоѓа во Кина, која се соочува со царини од 125 отсто од САД.

ИЗДВОЕНИ