Технолошкиот гигант го проширува производството во Индија од 2017 година – не само за да ги избегне тарифите, туку и да ја намали зависноста од Кина и да профитира од брзо растечкиот пазар на паметни телефони во Индија.
„Епл“ ги зголемува испораките на „ајфон“ од Индија во САД, бидејќи се обидува да избегне големи тарифи за кинескиот увоз како дел од најновите трговски мерки на Доналд Трамп. Овој потег е привремено решение додека Apple бара ослободување од новите тарифи – нешто што извршниот директор Тим Кук успешно го обезбеди за време на првиот мандат на Трамп.
Новите царини на Трамп наметнуваат стапка од 54 отсто за кинеските производи, додека Индија има пониска стапка од 26 отсто. Аналитичарите проценуваат дека царините за кинеските производи би можеле да ги зголемат трошоците за производство на „iPhone 16 Pro“ за 300 долари, кој „Епл“ веќе го чини околу 550 долари. „Епл“ сега планира да произведе 25 милиони „ајфон“ телефони во Индија оваа година, од кои до 10 милиони првично беа наменети за локална продажба. Пренасочувањето на овие единици би можело да покрие околу половина од побарувачката во САД, пишува „Дејли мејл“.
Технолошкиот гигант го проширува производството во Индија од 2017 година – не само за да ги избегне тарифите, туку и за да ја намали зависноста од Кина и да профитира од брзо растечкиот пазар на паметни телефони во Индија. И покрај зголемените инвестиции во Индија и одредено производство во САД, повеќето ајфон уреди сè уште се произведуваат во Кина.
Акциите на „Епл“ паднаа за 20 отсто во текот на три дена – нивна најлоша серија во последните 25 години – бидејќи инвеститорите стравуваат од последиците од ескалацијата на трговската војна.
Претседателот на САД тврди дека неговите царини ќе го поттикнат домашното производство со покачување на цените на странските производи. Но, бидејќи „Епл“ сè уште ќе мора да ги увезува суровините потребни за производство на своите уреди, експертите велат дека не постои исплатлив начин за производство на „ајфон“ на територијата на САД. Преместувањето на производството на „ајфон“ во Америка би било „масовен, масовен потфат“, рече Бартон Крокет, висок аналитичар во брокерската компанија Rosenblatt Securities.