Еден од најдобрите центри во НБА-лигата, Ентони Дејвис, познат како Веѓа, последните денови е во центарот на вниманието на кошаркарската и на спортската јавност. Причината е многу едноставна: тој беше разменет од Лос Анџелес лејкерс во Далас, за Лука Дончиќ.

Оваа размена предизвика шок и кај самите кошаркари, бидејќи ниту еден од нив не знаеше за таквиот договор меѓу клубовите. Сè било решено тајно. За тоа најдобро зборува фактот што двајцата кошаркари, пред неколку дена, инвестирале во својот дом, а на крајот морале да заминат од градот.

Имено, Дејвис поседува вила во Градот на Ангелите, вредна дури 31 милион долари.

Познато е дека многу спортисти ширум светот трошат огромни суми за купување недвижен имот, а некои навистина знаат да претераат кога станува збор за сумата што ја плаќаат за домот во кој ќе живеат.

Нема сомнеж дека Дејвис е во првите редови кога е оваа тема во прашање и, како што пренесуваат американските медиуми, тој ја има „најлудата“ палата, која го чинела дури 31 милион долари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by celebritieshomes (@celebrities.homes)

Дејвис во 2021 година се почести со договор од 190 милиони долари со Лејкерс. Од 31 милион долари, Дејвис платил во готово 11 милиони долари, а остатокот преку банка. За овие пари добил сè што може да посака.

Неговиот имот во Лос Анџелес се простира на 20.000 квадратни метри. Се наоѓа во населбата Бел Ер Крест и има апсолутно сè што му треба. Вилата зрачи со луксуз. Има осум спални соби, 11 бањи, бројни соби за забава и многу повеќе од тоа. Има и гаражи со четири автомобили и повеќе балкони.

Огромниот двор има базен долг 36 метри, тениско игралиште и неговиот „скромен“ дом нуди прекрасен поглед кон Тихиот Океан.

Иако има сè што може да посака, многумина се убедени дека цената на овој имот е прилично висока и дека Дејвис никогаш нема да може да ги врати вложените пари, бидејќи 31 милион долари се огромна сума.

Дејвис имаше „поскромен“ дом пред оваа палата, за кој плати 7,5 милиони долари. Успеа да го продаде за милион помалку, пред неколку години.

ИЗДВОЕНИ