Фантастичниот центар Ентони Дејвис не можеше да замисли полош почеток на авантурата во Далас, бидејќи заработи повреда уште на дебито, по размената од Лос Анџелес лејкерс. Тој се здоби со повреда на мускулот на 8 февруари, на пресметката со Хјустон и оттогаш е надвор од терените, па по месец и половина, Далас сериозно размислува да му активира еден некарактеристичен процес на рехабилитација.
Американските медиуми известуваат дека Дејвис ќе биде испратен во Џи-лигата, сè со цел да ги темпира формата и натпреварувачкиот ритам во развојната лига.
Според последните информации, од наредниот понеделник тој ќе почне да тренира со развојниот тим на Маверикс, од едноставна причина што е многу нестрплив да се врати на терените.
Со цел да се избегне голем ризик од обновување на повредата, Далас проценува дека помали шанси за такво нешто ќе има во конкуренција на послаби ривали и партнери на тренинзите, па така големата НБА ѕвезда се очекува да биде главна фаца во развојната лига во САД.