Ени ги сакаше партите од С.Арабија, а Вокер…

102

Заминувањето Кајл Вокер од редовите на Манчестер Сити беше како да свртил нова страница затоа што во претходната има многу проблеми кога е во прашање неговиот приватен живот и затоа сакаше нешто ново.

Офанзивниот десен бек со години беше во паралелна врска со сопругата Ени Килнер и љубовницата Лорин Гудман со која има две деца, кои пробуваше да ги сокрие од јавноста.

Вокер се ожени со Ени во 2021 година и со неа има четири деца. Интересно е што неговата љубовница и сопруга биле бремени во исто време, а двете се породиле минатата година.

Се чинеше дека го најде својот мир на Божиќ додека ги поминуваше празниците со Килнер и децата. Тогаш се зборуваше за трансфер во Саудиска Арабија, па дури и атрактивната бринета беше заинтересирана за заминување од Англија.

Причината секако беше огромната заработка која ќе ја добиеше искусниот Англичанец, но во последен момент се случи неочекуваниот пресврт.

На крајот, Вокер замина во редовите на Милан, а набрзо потоа имаше нова кавга, па англискиот фудбалер сам дојде на натпреварот против Парма и го следеше дуелот во друштво на Златан Ибрахимовиќ.

Вокер за дерби дуелот против Интер ја покани својата се уште законска сопруга, а нејзиниот одговор беше: „Не ме повикувај повеќе на натпревари“, пишува The Sun.

Кога видела дека нема ништо од милионите од Саудиска Арабија, Килнер решила да почне да живее за себе, па добила покана да учествува во реалити програмата Големиот брат.

„На тимот на Ени му беше кажано да ја каже нејзината цена, тие ќе направат се за да ја вклучат. Би било апсолутен шок доколку ја прифати понудата да биде дел од куќата на Големиот брат“, изјави анонимниот извор за „The Sun“.

Сопругата на Вејн Руни, Колин, имаше голем успех во шоуто I’m Celebrity, а тоа ја поттикна Килнер да заработи огромен профит преку реалното шоу.

„Таа е болна и уморна од откажување од сè за Кајл и затоа одлучи да се откаже, додаде изворот.

На Килнер дополнително и пречело тоа што Вокер решил да ги покани своите родители со кои воопшто не комуницира на натпреварот со Интер, па решила наместо во Милано да оди на роденденската забава на својата пријателка.

За потсетување, Англичанецот останува во Милано на позајмица до крајот на сезоната. Росонерите ќе имаат опција да го откупат неговиот договор за 5 мил. евра.

 

ИЗДВОЕНИ