Претседателот на Меѓународниот параолимписки комитет, Ендрју Парсонс, е во посета на Македонија, во рамките на неговата турнеја, на земјите од Југоисточна Европа. Во просториите на Македонскиот олимписки комитет (МОК), претседателот Даниел Димевски оствари средба со претседателот Парсонс, во која истакната беше исклучителната соработка помеѓу двата комитета, но и предложени беа конкретни идеи за аплицирање на заеднички проекти за афирмација на спортот на лицата со инвалидност преку програмата на Ерасмус+.
Претседателот на Македонскиот параолимписки комитет, Бранимир Јовановски, им врачи плакети на гостите за долгогодишната успешна соработка на полето на развој на спортот на лицата со инвалидност, со надеж дека таа и понатаму ќе трае и ќе се надградува.