Џон Дуран ги воодушеви скаутите на европските гиганти со своите настапи во дресот на Астон Вила. Тимот од Бирмингем веќе одби 75 милиони евра од ПСЖ, а за услугите на 21-годишниот напаѓач бара најмалку 100 милиони.
Реал (М) би сакал да го види Дуран во своите редови. „Кралевите“ се подготвени да преговараат со премиерлигашот и се сериозни да го доведат во своите редови бидејќи сакаат да имаат вистинска „деветка“ во тимот.
Сепак, Ал Наср од Саудиска Арабија е подготвен да му ја расипе работата на Реал, но и на другите заинтересирани клубови, затоа што на младиот напаѓач му нудат неморални понуди.
Клубот од Ријад е подготвен без проблем да и плати 100 милиони евра на Астон Вила, а на Дуран да му даде нереална плата од околу 50 милиони евра годишно.
Ниту еден европски клуб не може да парира на финансиската понуда од Саудиска Арабија, но Реал има намера да се бори и ќе му понуди на Колумбиецот најмногу што може.
Реал (М) не може да понуди 100 мил. евра, но е подготвен да а даде младата бразилска ѕвезда Ендрик на позајмица од најмалку една година.
Ендрик не е во преден план кај Карло Анчелоти кој му дава скромна минутажа и затоа се зборува дека може да замине на позајмица. Сега тој би можел да стане „жртва“ на кралевите за да го доведе Дуран во нивните редови.
Колумбиецот дефинитивно е пред одлуката на својот живот, парите што може да ги заработи се огромни, но не би бил дел од големата фудбалска сцена.
Сега се зависи од него, поканата на Реал не се одбива така лесно, но Саудијците немаат премногу морал кога се во прашање понудите.
Џон Дуран е член на Астон Вила веќе две години, пристигна од МЛС тимот Чикаго Фајр за 17 милиони евра. Оваа сезона постигна 12 гола на 28 настапи во сите натпреварувања.