Бразилскиот фудбалер Ендрик важи за еден од најталентираните играчи на планетата и на само 18 години добива минутажа во најголемиот клуб на планетата, екипата на Реал Мадрид.
Тој минатото лето пристигна во Реал Мадрид од Палмеирас, кој доби 47,5 милиони евра за трансферот, а со него во Мадрид пристигна и неговата поубава половина, 23-годишната Габриела Миранда, бразилска манекенка и инфлуенсерка.
Убавата Габриела е многу популарна на социјалните мрежи, каде што ја следат 1,2 милиони луѓе, кои ги воодушевува често, со жешки и провокативни фотографии.
Ендрик и Габриела влегоа во брачните води на 16 септември 2024 година, кога наполни тој 18 години.
Имено, на фотографија на „Инстаграм“, Ендрик го означил играчот на Арсенал, Габриел Мартинели, место својата избраничка Габриела Миранда, кој имаше хумористичен коментар на сето тоа.
- Неверојатен си, брат, но мислам дека си означил погрешна личност – напиша таа и оваа вест брзо одекна на планетата.
View this post on Instagram
Тој ја поправи грешката, но оваа ситуација насмеа многумина.