
Лондонскиот премиерлигаш Челзи е последниот клуб кој покажа сериозен интерес за услугите на бразилскиот интернационалец од редовите на актуелниот европски клупски шампион, тимот на Реал (М), Ендрик. Како што информираат англиските медиуми, тимот од „Стемфорд Бриџ“ понудил 70 мил. евра како обештетување за младиот напаѓач но таквата понуда експресно била одбиена од „кралскиот клуб“.