Емотивни сцени во Буенос Аирес: Таткото на Лијам Пејн ги читаше прошталните пораки на местото на трагедијата/ВИДЕО

540

Џеф Пејн, таткото на Лијам Пејн, пристигна во Буенос Аирес во петокот за да го земе неговото тело и да организира транспорт до Велика Британија. Лијам почина минатата среда на 31-годишна возраст. Под се уште неразјаснети околности паднал од третиот кат во хотелот

Џеф бил виден како излегува од друг хотел во градот, придружуван од британски конзуларни претставници и членови на обезбедувањето. Аргентинските власти соопштија дека Џеф ја посетил градската мртовечница.

Локалните медиуми јавуваат дека тој од хотелот ги земал и дел од работите на Лиам. Џеф поминал десет минути пред хотелот во кој се случила трагедијата.

Обожавателите закачија фотографии од Пејн на дрвото и оставија белешки во знак на почит. Џеф застана за да ги прочита белешките напишани на англиски и ги подигна фотографиите за да ги бакне.

Тој им се заблагодари на обожавателите што беа со него.